Е. Пелистер си закажа пресметка со Вардар за трофејот во Купот

фото. Е. Пелистер

Екипите на Е. Пелистер и Вардар ќе играат во финалето на ракометниот Куп на Македонија, откако битолчани без многу мака го совладаа Бутгел со 38:23.
Ракометарите на Бутел му парираа на фаворитот само во првите 10-15 минути кога имаа водство до 5:3. Кон средина на полувремето резултатот беше израмнет 7:7, но тоа беше се што можеа ракометарите на Бутел да направат, до одморот постигнаа само два гола, а примија девет.
Во второто полувреме, битолчани го контролираа темпото, а високата предност му овозможи на тренерот Жељко Бабиќ да ги одмори своите најдобри ракометари. На крајот Е. Пелистер славеше со 38:23 и си закажаа саботна пресметка со Вардар за трофејот.

Најдобар во тимот на Е. Пелистер беше Маџовски со седум голови, Периќ и Мандалиниќ дадоа по шест, додека кај Бутел се истакнаа Младеновиќ и Трифковиќ со по четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот