Ѕвездена листа гости за свадбата на Тејлор Свифт — доаѓаат Селена Гомез, Ед Ширан и Џиџи Хадид
Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси станува една од најочекуваните настани во светот на славните, а „Пејџ сикс“ открива кои познати имиња веќе добиле покана за големиот ден.
Препорачано
Како што пишува порталот, Тејлор Свифт лично им се јавувала на дел од гостите за да ја зачува тајноста околу церемонијата и да избегне дополнителни протекувања на информации за свадбата.
Меѓу познатите личности кои наводно ќе присуствуваат се Зои Кравиц, Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн, сестрите Хаим, Суки Вотерхаус, Џиџи Хадид, Селена Гомез и Бени Бланко, како и Кара Делевињ.
Џиџи Хадид и Селена Гомез се споменуваат и како можни деверуши на пејачката.
На листата гости се наоѓа и тренерот на „Канзас сити чифс“, Енди Рид, кој со години е близок со семејството на Тревис Келси и Тејлор Свифт.
Медиумите претходно објавија дека свадбата би можела да се одржи во Њујорк за време на викендот околу американскиот Ден на независноста, но според најновите информации, двојката во меѓувреме ја сменила локацијата и датумот за да ја задржи приватноста.
Интересот за свадбата на Свифт и Келси со месеци е огромен, а американските таблоиди веќе ја споредуваат со најголемите холивудски свадби на деценијата.


