Ѕвездата на „Еуфорија“ пресече: „Доста е, не сакам повеќе да играм трансродови луѓе!“

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Хантер Шафер, 25-годишната трансродова актерка која се прослави глумејќи го трансродовиот лик, Жил Вон, во хит-серијата „Еуфорија“ на Ејџ-би-о, повеќе нема да прифаќа трансродови улоги бидејќи сака дополнително да ја развива својата актерска кариера, јавува Би-би-си.

„Работев толку напорно и поминав низ тешки моменти во мојата транзиција, сега сакам само да бидам девојка и конечно да продолжам понатаму. Понижувачки е за мене и за она што сакам да го правам, што ме знаат само како транс-актерка“, изјавила Шафер.

Иако ѝ биле понудени многу такви улоги, таа ги одбила и не сака ни да зборува за нив. Вели дека точно знае дека е една од најпознатите трансродови луѓе во медиумите и поради тоа чувствува одговорност, но смета дека е време тоа да не биде суштината на она што го работи.

„Мислам дека унапредувањето и застапувањето во интерес на транс-движењето ќе биде многу покорисно отколку постојано да се зборува за тоа“, објаснила таа.

Застапеноста во такви улоги долго се дебатира во Холивуд, а многумина во заедницата на трансродовите сметаат дека тие треба да ги играат актери кои се трансродови во реалниот живот. Други тврдат дека концептот на глума значи да се стане некој друг, па затоа би било премногу ограничувачко да има само улоги со карактеристики што ги споделуваат актерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот