Џорџ Клуни се отвори за неговата сообраќајка со мотор: Тоа е последната минута од вашиот живот, а за некои луѓе тоа е само забава

џорџ клуни амал мотор
Фото: Profimedia

За оние кои се сеќаваат, Џорџ Клуни доживеа речиси фатална несреќа со мотор во Италија во 2018 година. Три години по несреќата актерот конечно проговори за деталите околу миговите кои тој сметал дека се „последна минута од неговиот живот“.

Во 2018 година, холивудската легенда беше хоспитализиран откако беше удрен од автомобил на Сардинија, каде што го снимаше филмот „Catch 22“.

џорџ клуни сообраќајка мотор
Фото: Profimedia

60-годишникот бил лансиран од својот мотор, преку рачките, и во шофершајбната на автомобилот марка Мерцедес, кој завртел непосредно пред него.

Возачот ги повикал итните служби и на местото на настанот, каде Џорџ лежел зашеметен и врескал, пристигнале брза помош и противпожарна служба.

Но, толпата набрзо започнала да се насобира додека актерот бил на земја.

џорџ клуни сообраќајка мотор
Фото: Profimedia

Џорџ сега повикува на случајните минувачи кои го снимиле инцидентот на нивните телефони наместо да му помогнат, додека тој се чувствувал дека е на работ на смртта.

„Чекав животниот прекинувач да ми се исклучи. Сега сум добро“, рече тој.

џорџ клуни сообраќајка мотор
Foto: Profimedia

„Ако сте во очите на јавноста, она што го сфаќате кога сте на земја мислејќи дека тоа е последната минута од вашиот живот е тоа што, за некои луѓе, тоа ќе биде само забава за нивната Фејсбук страница. Ве тера да ги земете сите еден по еден и да ги растресете“

Набргу по несреќата, актерот од „Единаесетмината на Оушн“ рече дека сопругата од седум години Амал му забранила повторно да вози мотори. Откако удрил во автомобилот со 120 км на час, тој изјави дека тој и неговиот колега, извршниот продуцент Грант Хеслов, се повлекуваат од возењето мотори.

„Грант е аут. Зафркнавме и нашите сопруги рекоа: „Никогаш повеќе не можеш да се качиш на мотор“, изјави тој.

Само пар месеци по несреќата актерот објави дека ќе го донира својот Харли Дејвидсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jean Pierre le Cam (@jeanpierrelecam)

Но, иконичниот актер сепак не се откажува од младешкиот дух, па за полнењето 60 години оваа година тој беше брутално искрен и поприлично директен за своите чувства кон пресвртната цифра.

„Да се ​​наполни 60 години е тешко. Но, или е тоа, или си мртов“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TSY = Pop Culture (@theselvedgeyard)

Тој ги опиша следните 20 години од својот живот како „халкион“ и ја потенцира потребата да го прослави тоа.

„Треба да се фокусираме на работата што ја работиме да биде само она што треба, што го чувствуваме во нашите гради“.

Најновиот проект на Клуни е драмата за полнолетството и татковската фигура „The Tender Bar“, кој тој го режираше и се очекува да пристигне во кината на 17 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот