Амал и Џорџ Клуни / Фото: Eric Acquaye / Zuma Press / Profimedia

Џорџ Клуни носи голема одлука пред 65-тиот роденден — веќе нема да го гледаме на големото платно?

Американскиот актер Џорџ Клуни донесе голема одлука во кариерата пред својот 65-ти роденден – ќе избере помирен начин на живот за да се посвети на филантропија, додека глумата ќе ја стави во втор план.

Клуни објасни дека во иднина повеќе ќе работи на својата фондација „Фондација за правда Клуни“, која ја основал со сопругата Амал Клуни. Тој истакна дека ќе соработува и со школата за филм и телевизија „Ројбал“ во Лос Анџелес, чија цел е да создаде „поинклузивна програма“ за недоволно застапени студенти заинтересирани за филмска и телевизиска кариера.

„Ќе работам работи што ме исполнуваат, затоа што веќе не трчам по кариера“, изјави тој за „Пејџ сикс“ за време на гала-вечерта за доделување на наградите Чаплин, која во понеделникот се одржа во Линколн центарот во Њујорк.

Актерот додаде дека работата на лични проекти е „на некој начин корисна“, бидејќи му овозможува да поминува повеќе време правејќи работи што му се важни.

Сепак, тој не планира целосно да се откаже од глумата. „Знаете, ако добиете добра улога – ја прифаќате!“, нагласи Клуни.

Инаку, актерот на престижната гала беше награден за значаен придонес во филмската уметност, а призна дека ваквите настани му создаваат одредена непријатност.

„Мислам дека секој што има барем малку интегритет би се почувствувал засрамен кога некој ќе стане и ќе почне да ве фали. Мене тоа ми е малку непријатно“, рече тој, додавајќи дека сè уште му делува нереално патот од малите улоги на почетокот од кариерата до наградата во Линколн центарот.

„Самата помисла дека глумев во некои серии во кои сум играл, а сепак имам кариера, е шокантна“, призна актерот, кој со години се борел за поголем успех, сè додека не ја добил улогата во серијата „Итна служба“ (ER).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот