„Џонсон и Џонсон” очекува до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Американската компанија „Џонсон и Џонсон” денеска соопшти дека оваа година очекува 3,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19, благодарение на ублажените проблеми во снабдувачкиот синџир и зголемената побарувачка.

Поради доцнење во испораките и нерамномерната побарувачка, приходот на „Џонсон и Џонсон” од вакцината против коронавирусот минатата година изнесуваше 2,39 милијарди долари, што е повеќе од планираните 2,5 милијарди долари.

Вкупните приходи на компанијата се зголемија за 13,6 отсто ми натата година, достигнувајќи 93,8 милијарди долари. Со исклучок на продажбата и купувањето на имот, приходот е зголемен за 12,8 отсто.

Нето добивката се зголеми за 42 отсто во 2021 година на 20,9 милијарди долари.

Уделот на вакцината во вкупниот приход се очекува да биде мал, бидејќи „Џонсон и Џонсон” ја продава по цена што не гарантира огромна заработувачка.

Конкурентот „Фајзер” процени дека вакцината му донесе 37 милијарди долари приход минатата година.

„Џонсон и Џонсон” моментно работи на одвојување на Одделот за здравје на потрошувачите и планира да се фокусира на бизнис со медицински уреди и фармацевтски производи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот