Џо Манганиело поднесе барање за развод од Софија Вергара: Ја наведе причината за нивната разделба

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Џо Манганиело официјално поднесе барање за развод од ѕвездата на „Modern Family“, Софија Вергара.

Поранешниот пар на почетокот на оваа недела објави дека ќе се разделат по седум години брак.

Во судските документи до кои стигна „Дејли меил“ (DailyMail), актерот ги навел „непомирливите разлики“ како причина за разводот, а „ТМЗ“ оди во детали и тврди дека Џо сакал деца со актерката, со што таа не се сложувала. Вергара веќе е мајка на 31-годишниот син Маноло Гонзалес Вергара.

Софија и Џо имаат предбрачен договор од 100 милиони долари што ги штити средствата што и двајцата ги акумулирале за време на нивните брачни години.

„Дејли меил“ пренесува дека Софија не планира да го оспори договорот, кој го потпишале пред нивната венчавка во ноември 2015 година.

Таа наводно може да се пофали со нето богатство од 180 милиони долари во споредба со 40 милиони долари на Џо.

Џо го застапува адвокатката за разводи на познатите личности, Лаура Васер, која соработувала со Ким Кардашијан и Џони Деп.
Што се однесува до таксите за адвокатите, се вели дека парот ги покрива сопствените трошоци.

Не се споменува кој ќе профитира од домот на парот во Беверли Хилс, кој беше ставен на продажба во јуни за 18 милиони долари, помалку од два месеци пред да го објават нивното разделување.

Иако парот нема деца од нивниот седумгодишен брак, Софија и нејзиниот сега отуѓен сопруг делат 10-годишна Чивава по име Баблс.

Според законот во Калифорнија, судијата ќе одлучи кој треба да ги добие миленичињата при развод.

Во јануари 2019 година, новиот закон во Калифорнија го смени начинот на кој се доделува старателството на домашни миленици во случаите на развод. Овој нов закон им дава на судиите овластување да ја земат предвид грижата и најдобриот интерес на миленичето кога донесуваат одлуки во врска со прашањата за разделба или развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот