Џез – Слободата на импровизацијата

џез
Фото: EPA-EFE/Radek Pietruszka POLAND OUT

Каква музика слушате кога сакате да се релаксирате од сè? Ако не сте имале прилика да се запознаете со џез музиката, едно е сигурно – овој збор сигурно ви ја скокоткал фантазијата. Што е џез музика? Дали е тоа типот со трубата? Дали се тоа оние свирки за алтернативци? Што е всушност овој безвременски музички правец, во чии звуци сè уште уживаат претставници на многу генерации?

Сè уште има многу сомнежи за потеклото на зборот Џез. Во моментов, најпопуларниот став е дека терминот џез доаѓа од застарениот збор „jasm“, („џазм“), што приближно може да значи „добар дух“ или „позитивна енергија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TrumpetBand (@trumpetband)

Како музички стил, џезот е роден кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во Соединетите Држави. На самиот почеток, звуците на џезот одекнуваа во предградијата и приградските барови. Неговите први протагонисти биле луѓе без музичко образование кои во африканската традиционална музика го пронашле коренот на музичката импровизација што е главна карактеристика на овој музички жанр.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lorenzo Simoni (@lorenzo.simoni)

Џезот отсекогаш го шири духот на слободата преку препознатлив ритам, кој со текот на времето ги избриша класните и расните разлики, создавајќи голема публика низ планетата. Стана начин на живот кој формира генерации на музичка публика, нивниот вкус и поглед на светот. Неговото проширување е особено погодено од појавата на радиото. Овој медиум е во првите редови на новата револуција благодарение на која Џезот влегува во домовите како музика на новото време.

Во 1920-тите, оригиналниот Џез претрпе бројни модификации. Меѓу нив се диксиленд, свинг, бе-боп, фри џез и многу други. Секој нов музички правец создаде свои великани, чие дело е дел од светското музичко наследство. Меѓу нив се Луис Армстронг, Дизи Гилеспи, Ела Фицџералд, Били Холидеј, Чарли Паркер и многу други.

Факт е дека Џезот пушти корени на нашите простори, кој е присутен до денес. Повеќе домашни џез музичари постигнаа светска слава. За тоа сведочат светски етаблираниот Скопски Џез Фестивал но и ОФФест, кој е основан во 2002 година како втор фестивал, кој израсна од долгогодишната традиција на Скопскиот џез фестивал како и бројните џез концерти на помали и поголеми оркестри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by O F F E S T 💃 (@off_fest)

Џезот денес е многу присутна и влијателна музичка форма и сè уште го негува духот на слободата. Од предградијата на Њу Орлеанс, тој успеа да влезе во академските порти и да стане предмет на универзитетски студии. Тој е во исто време наука и уметност и занает и забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NOEZ (@noez_94)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот