Џесика Симпсон - Фото: EPA/MIKE NELSON

ФОТО | Џесика Симпсон веќе 8 години не пие алкохол: „Не можев да ги облечам децата, ми беше срам“

Пејачката Џесика Симпсон отворено проговори за периодот кога алкохолот ѝ бил бегство. Таа призна дека со години ги гасела своите вистински чувства и се држела подалеку од своите соништа, реалноста и себеси.

„На денешен ден пред осум години донесов одлука да се соочам, да признаам и да ги пуштам лошите периоди од својот живот кои ги избрав. Со таа одлука, си овозможив целосно да живеам во потрага по Божјата цел за мојот живот“, напиша Џесика Симпсон на социјалните мрежи, потврдувајќи дека 8 години е трезна.

Пејачката искрено проговори за тоа како алкохолот го задушувал нејзиното чувство за интуиција, ги блокирал нејзините соништа и ги поддржувал нејзините стравови од уживање.

„Денес сум јасна. Денес сум водена од вера. Стравот и верата се нешто што го чувствуваме, а можеби не го гледаме. Толку сум среќна што ја избрав вербата наместо стравот. Не ја најдов мојата сила во борбата, туку во предавањето“, напиша таа во саботата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

По скоро 15 години пауза, се врати на музиката, но овојпат поинаку – со појасен глас и без алкохол како „лажна храброст“.

„Моментот кога почнав премногу да пијам беше кога започнав да пишувам музика во 2016 година, а тоа ме носеше на места и чувства на жал за себе“, раскажа таа, додавајќи: „Всушност, бев многу поискрена без алкохол и верувам во себеси многу повеќе без алкохол. Лично чувствувам дека алкохолот ги задушуваше моите емоции. Наместо да се соочам со нив, да ги обработам и да поминам низ нив, едноставно ги оставав да бидат тука“.

Во своите мемоари „Отвирена книга“ таа призна дека пресудниот момент бил кога не успеала да ги облече децата за Ноќта на вештерките, бидејќи била премногу пијана. Тоа чувство на срам и изгубена контрола станало почеток на нејзината промена.

„Бев ужасната од тоа што ќе ме видат во такво состојба. Ми е срам да кажам дека не знам кој ги облече таа вечер во костими“, напиша таа.

Во последните неколку години, Џесика симна повеќе од 40 килограми, подготви нова музика, се разведе од сопругот Ерик Џонсон по десет години брак и продолжи да гради живот во кој ништо повеќе не прикрива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот