Џенифер Лопез и Бен Афлек повеќе не зборуваат: Менаџерите го водат разводот
Брачниот статус на Бен Афлек и неговата сопруга Џенифер Лопез со месеци е главна тема во светот на познатите. „Дејли Мејл“ пишуваше за финализирањето на документите за развод, кои сѐ уште не се доставени, а сега извори блиски до парот открија дека парот моментално не комуницира лично ниту телефонски, пишува „ТМЗ“, пренесува „Пејџ сикс“.
Прекинот на комуникацијата уште повеќе го отежнува планирањето на развод, а парот има предбрачен договор. Единствениот заеднички имот што се очекува да го делат е нивната вила на Беверли Хилс, вредна 68 милиони долари, која моментално е на продажба.
Според изворите, парот сè уште не ангажирал адвокати за развод, оставајќи ги деталите на нивните деловни менаџери.
Патем, Афлек си купи куќа само неколку дена откако парот ја стави на продажба заедничката вила во Беверли Хилс. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм „Атлас“ во Лос Анџелес. После тоа, парот бил виден на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што со своето однесување покренале сомнеж за развод.