Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/ISAAC ESQUIVEL

Џенифер Лопез ги продава вереничките прстени: Можеби нема среќа во љубовта, но знае да заработи

Џенифер Лопез низ животот добила дури шест свршенички прстени – од Ојани Ноа, Крис Џад, Шон „Диди“ Комбс, Алекс Родригез и, секако, двапати од Бен Афлек. Иако нема многу среќа во љубовта и бракот, изгледа дека решила своето богато љубовно минато да го претвори во профитабилен бизнис-потег.

Така, Џенифер Лопез стана заштитно лице на турскиот бренд за накит „Зен Дајмонд“ (Zen Diamond). Позирајќи во бела невестинска венчаница со откриени рамена и со блескав прстен на венчалниот прст, 56-годишната ѕвезда доби улога глобална амбасадорка на брендот познат токму по својот луксузен свршенички накит.

Како што пишува „Пејџ сикс“, новата соработка ќе ѝ донесе околу 10 милиони долари за промоцијата на нивните свршенички прстени. Иако звучи многу, во светот на суперѕвездите ова се смета за релативно скромен износ, особено за личност од нејзиниот ранг. Извор близок до странките кои ја договарале соработката открил дека пејачката и актерка во минатото без проблем склучувала многу попрофитабилни договори.

Наводно, претходно заработувала 20, 30, па дури и 50 милиони долари од рекламни ангажмани.

„Таа не е некој што е очаен и има потреба од пари. Сакам луѓето да зборуваат за неа“, изјавил изворот, потврдувајќи дека со овој потег Лопез всушност посакувала да „дигне прашина“ и повторно да биде тема на разговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот