Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Џејмс Милнер го израмни рекордот по бројот на натпревари во Премиер лигата

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Џејмс Милнер вечерва го одигра својот 653 натпревар во Премиер лигата, израмнувајќи го рекордот на Герет Бери.

Милнер од Брајтон влезе во историјата влегувајќи како замена во 22 минута за Карлос Балеба на гостувањето кај Астон Вила. Милнер, на возраст од 40 години и 38 дена, го израмни рекордот на Бери поставен во 2018 година.

Милнер одигра најмногу натпревари во Премиер лигата за Ливерпул – 230, па следуваат Манчестер сити – 147, Астон Вила – 100, Њукасл – 94, Лидс – 48. Досега одигра 33 натпревари за Брајтон.

Во својата кариера освои три титули во Премиер лигата, два пехари во ФА купот, по еден во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на УЕФА и Интертото куп, и по два во Лига купот и Комјунити шилдс.

Воедно одигра 61 натпревар за најдобрата репрезентација на Англија, постигнувајќи еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот