Џејми Дорнан за улогата на Џејмс Бонд: Загрижен сум за коментарите на луѓето
Ѕвездата на филмскиот серијал „Fifty Shades“, Џејми Дорнан е во преговори за својата следна, потенцијална улога на познатиот агент на британската тајна служба – Џејмс Бонд.
Препорачано
Ирскиот актер признал дека е загрижен за реакцијата на јавноста, па поради таа причина го спомнал и својот колега и пријател, Роберт Патинсон.
„Предрасудите се една од најголемите ‘болести’ на нашата култура, а особено во нашата работа. Сетете се на реакциите кога Роб ја доби улогата на Бетмен – 90 отсто од нив беа негативни“, истакнал Дорнан во разговорот за „Esquire“.
View this post on Instagram
„Слично беше и кога Даниел Крејг ја доби улогата на Џејмс Бонд. Мислам дека коментарите беа 100 отсто негативни. Многу е вознемирувачко кога ќе видите колку луѓето се гневни поради изборот на актерите. Но, што се случи потоа? Даниел Крејг е неверојатно брилијантен и тоа ја промени целата енергија на Џејмс Бонд. Сите оние кои беа против Роб како Бетмен, сега го сакаат тоа што тој го направи со улогата“, вели актерот.
Според странските медиуми, актерите Идрис Елба и Џвејн Џонсон се, исто така, во конкуренција за улогата на Џејмс Бонд.


