Џеј Кларк и Нермин Фатиќ се финалисти на АТП Челинџер турнирот во Скопје
Џеј Кларк од Велика Британија и Нермин Фатиќ се финалисти на годинашното издание на АТП Челинџер турнирот Macedonian Open 2025 во Скопје.
Препорачано
За двајцата тенисери ова е второ учество во Скопје, а заедничко им е тоа што и двајцата во петходните две години биле елиминирани од истиот тенисер Жерар Кампана Ли од Кореја (Фатиќ во 2023 година со 2:1 во сетови, а Кларк во 2024 година со 2:1 во сетови).
Британецот Кларк на турнирот настапува како трет носител, има 26 години во моментив неговиот ранг е 250 место, а најдобриот ранг му е 153 место. Фатиќ од Босна и Херцеговина на „главниот турнир“ стигна преку квалификациите односно имаше два меча повеќе и притоа од тие шест победи само две беа во два сета, а другите четири во три сета.
ЏЕЈ КЛАРК – ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО
1 коло – ЈЕЛЕ СЕЛС (ХОЛАНДИЈА) 2-0 (63 62) (87 минути)
2 коло – ПЕДРО КАЧИН (АРГЕНТИНА) 2-0 (64 64) (108 минути)
1/4 финале – ЖОЕЛ ШВАРЦЛЕР (АВСТРИЈА) 2-0 (63 61) (97 минути)
1/2 финале – ХУГО ДЕЛИЕН (1,БОЛИВИЈА) 2-0 (76(4) 63) (116 минути)
НЕРМИН ФАТИЌ ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО
1 коло квалификации – АМАР ХУСЕИНОВИЌ (МАКЕДОНИЈА) 2-0 (62 63) (51 минута)
финале квалификации – ЖЕРАР КАМПАНА ЛИ (КОРЕЈА) 2-1 (64 57 62) (190 минути)
1 коло – НИКОЛАС АЛВАРЕЗ ВАРОНА (ШПАНИЈА) 2-1 (63 26 64) (172 минути)
2 коло – ВИКТОР ДУРАСОВИЌ (НОРВЕШКА) 2-1 (63 64) (84 минути)
1/4 финале КРИСТОФ НЕГРИТУ (ГЕРМАНИЈА) 2-1 (36 76(6) 62)(142 минути)
1/2 финале МИЛИ ПОЉИЧАК (8, ХРВАТСКА) 2-1 (64 57 64) (179 минути)
Во конкуренција на двојки во финалето ќе играат првите носители Срирам Балаџи од Индија и Мигуел Рејес – Варела од Мексико против чешката комбинација Ендрју Полсон и Михаел Врбански.
Победникот во синг финалето ќе освои 75 поени и 12.980 евра, а финалистот 44 поени и 7.620 евра. За победниците во двојки има по 75 поени, а за финалистите по 50 поени. Паричната награда изнесува 4.540 евра, а за финалистите 2.630 евра. Финалето во сингл ќе се игра на Централен терен, додека финалето во двојки ќе се игра на теренот број 5. Почетокот на двата меча е во 10.00 часот.


