Двојна победа за Ред Бул во Џеда, Алонсо поради казна остана без подиум

epa10490753 Mexican Formula One driver Sergio Perez of Red Bull Racing in action during the pre-season test sessions for the 2023 Formula One at the Sakhir circuit near Manama, Bahrain, 25 February 2023. EPA-EFE/ALI HAIDER

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е победник на втората трка сезонава во Формула 1 која се возеше во Саудиска Арабија.

Мексиканецот на патеката во Џеда стигна до петтиот триумф во кариерата, а зад него заврши двократниот светски шампион и тимски колега Макс Ферстапен кој освои дополнителен најбрз круг.

Фернандо Алонсо со Астон Мартин го прослави 100-тиот подиум во кариерата, но по трката стигна веста за казна поради техничка грешка, па падна на четвртата позиција. Третото место му припадна на Џорџ Расел.

Бодови освоија уште Естебан Окон, Пјер Гасли, и Кевин Магнусен. Во генералниот пласман после две трки води Ферстапен со 44 бода, на второто место е Перез со бод помалку.

Наредната трка се вози на 2-ри април за Големата награда на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот