Двегодишното девојче од БиХ почина: Беше оперирана во приватна клиника од лекар без лиценца

Двегодишното девојче од Какањ кое падна во кома по операција на окото во приватна клиника во Сарањво, Џена Гаџун, почина рано утрово/ Фото: Фејсбук

Двегодишното девојче од Какањ кое падна во кома по операција на окото во приватна клиника во Сараево, Џена Гаџун, почина рано утрово, јавуваат босанските медиуми.

Срцето на Џена оа Какањ не издржа, не успеа да се избори со тешката состојба во која заврши по операција во приватната клиника „Бајтовиќ“.

Таткото на малата Џена, Мурис Гаџун, утрово ги информира пријателите за трагедијата што се случила.

Родителите велат дека детето по операцијата е пренесено во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде ја добила целата медицинска помош, но нејзините мозочни нерви „прегореле“ и дека живеела на апарати кои ја одржувале во живот.

На девојчето му беше вградена пластика во окото, која телото не ја прими, а по зафатот со цел отстранување на пластиката кој го извела д-р Нина Јовановиќ, која немала лиценца од Лекарската комора, Џена не се разбуди од кома, па во тешка состојба беше префрлена на КЦУС.

Анестезиологот Суад Рожајац, кого родителите по операцијата го прашале што се случува, им рекол дека не знае што се случува.

„Го прашавме што се случува, што ѝ дал, а тој рече дека не знае што се случува, дека срцето ѝ застанало, дека два пати ја враќале во живот“, кажа мајката во привот разговор.

И апаратите во клиниката каде девојчето беше оперирано не биле законски верифицирани.

Овој случај веројатно ќе има судска разврска, со оглед на тоа што родителите ангажирале адвокат преку кој се обидуваат да утврдат кој е виновен за тоа што му се случи на двегодишното девојче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот