Две третини од српската ракија се продава на црно

Фото: Unsplash

Министерството за внатрешна и надворешна трговија и Сојузот на производители на ракија на Србија се договорија да започнат кампања за едукација на јавноста за ризикот од консумирање и продажба на силни алкохолни пијалоци од нерегистрирани производители, кои се со сомнителен квалитет и потенцијално опасни за здравјето на потрошувачите.

Договорот е постигнат само десет дена по влегувањето на домашниот национален пијалок, слива ракија – Шљивовица, на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Претходно, Здружението на производители на ракија на Србија посочи на огромен сив пазар каде земјата губи стотици од милиони евра нелегална продажба на ракија чии шишиња немаат акцизни маркички.

„Шљивовица не е обичен производ, таа е секако најголемиот бренд во храна и пијалоци што го има нашата земја и наша должност е да ги заштитиме потрошувачите и да ја заштитиме ракијата како национален бренд на Србија“, велат наделжните.

Тие ги предупредија потрошувачите дека ракијата без ознака на потекло, здравствена контрола и наплата на даноци и акцизи не е безбеден производ.

-Немаме ништо против домаќините кои варат ракија за свои потреби, но доколку вишокот го изнесат на пазар, мора да го продаваат само на регистрирана фарма која ќе го испита квалитетот на пијалокот и дали производот треба да се рафинира – велат од Здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот