Фото: facebook/Dejan Georgievski

Две петти места за македонските теквондисти на Европското сениорско првенство во Минхен

Македонските теквондисти Дејан Георгиевски и Мила Релиќ загубија во борба за медал на Европското првенство во Минхен, Германија.

Георгиевски во категоријата +87кг го освои петтото место. Во првото коло беше слободен, во второто оствари победа над Емре Атешли од Турција со 2:1, а во четвртфиналето загуби од Иван Гарсија Мартинез од Шпанија.

Релиќ беше петтопласирана во категоријата -62кг., во првото коло со 2:0 ја совлада Теопула Сарванаки од Грција, а во четвртфиналната фаза претрпе пораз од 2:1 против Петра Столбова од Чешка.

Одличен настап имаше Филип Блажевски во категоријата -80кг, кој загуби во тесна борба во првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот