Две деца од ОУ „Лазо Трповски” се позитивни на ковид-19

Фото: Фејсбук

Две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” од општина Карпош се ставени во изолација откако вчера било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19. Во изолација се и три наставнички кои предавале во одделенијата.

Ова за „Слободен печат“ го изјави мајка на првооделенец која од вчера е во самоизолација.

– Вчера околу 11 часот ни беше кажано дека во одделението на син ми има дете позитивно на ковид-19. Сега сите сме во самоизолација заедно со едната наставничка, додека другата бидејќи немала директен контакт со детето, не е во изолација, вели мајката, која не крие дека се плаши за здравјето на сопственото дете и апелира да се размисли за можноста сите деца да следат он лајн настава.

Во градинка во Чаир заболени од ковид-19 две воспитувачки, 4 деца во самоизолација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот