Фото: ЈСП „Скопје“

Две автобуски линии „100“ и „200“ ќе водат од утре кон Саемот на книгата

Од утре до 29 април во СЦ „Борис Трајкоовски“ се одржува годинешниот Саем на книгата, па ЈСП „Скопје“ за да им олесни на граѓаните полесен пристап до ова локација, повторно ги пушта во функција линиите „100“ и „200“, едната поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион, кои ќе функционираат само во текот на саемските денови.

Билетите за нивно користење, како што информираат од ЈСП, ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12:20 ч, 13:40 ч, 15 ч, 16:20 ч, 17:40 ч. Од СЦ „Борис Трајковски“: 11:40 ч, 13 ч, 14:20 ч, 15:40 ч, 17 ч, 18:20 ч.Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион – СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11:20 ч, 12:40 ч, 14 ч, 15:20 ч, 16:40 ч, 18 ч.Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13:20 ч, 14:40 ч, 16 ч, 17:20 ч, 18:40 ч.Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот