Двајца ракометари на СП најблиску до рекордот на Лазаров

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и натаму го држи рекордот за најмногу голови на едно Светско првенство.

Нашиот десен бек постигна вкупно 92 голови на Мундијалот во Хрватска во 2009 година.

Денеска е слободен ден, а Мундијалот продолжува утре со четвртфиналните натпревари и мечевите за пласман во „Президент купот“.

Четвртфиналните двојки на СП се: Данска-Египет, Франција-Унгарија, Шпанија-Норвешка и Шведска-Катар.

Моментно најблиску до рекордот на Лазаров се двајца играчи, репрезентативецот на Катар, Франкис Марзо со 53 голови, три помалку има Сандер Сагосен од Норвешка. Зад нив следуваат Енди Шмид (Швајцарија, 44), Ервин Фојхман (Чиле, 39), Кин Јин-јунг (Јужна Кореја 39), Бјарки Мар Елисон (Исланд, 38)..

РФМ ја прекина соработката со досегашниот селектор Брестовац

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот