РФМ ја прекина соработката со досегашниот селектор Брестовац

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Официјално Ракометната федерација на Македонија и Данило Брестовац денеска взаемно се спогодија да ја прекинат соработката.

Брестовац ја водеше најдобрата македонска репрезентација месецов на Светското првенство во Египет каде што резултатите не се покажаа најдобри.

На Мундијалот од шест одиграни натпревари беше остварена само една победа и пет порази, поголем од нив со двоцифрена разлика, за на крајот да биде освоено според најавите 23 место од вкупно 32 репрезентации на СП.

Од РФМ додаваат уште дека Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 до јануари 2021 година.

Мукаетов останува претседател на РФМ уште четири години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот