Дваесетгодишник купува израелска авио – компанија?

Дваесетгодишникот Ели Росенберг, кој во моментов живее во Ерусалим, преговара за преземање на контролниот удел во оваа авио – компанија. Меѓутоа, како и што се очекува, зад се ова постои друга приказна.

Израелската авио – компанија Ел Ал изминатите неколку месеци е во потрага по нов инвеститор.

Оваа авио – компанија и пред пандемијата се соочуваше со финансиски проблеми, а со појавата на корона вирусот ситуацијата само се влоши.

Пред неколку недели беше откриено дека еден странски инвеститор е заинтересиран за купување на Ел Ал по што многумина беа заинтересирани за кого станува збор.

Дваесетгодишникот Ели Росенберг, кој во моментов живее во Ерусалим, преговара за преземање на контролниот удел во оваа авио – компанија. Меѓутоа, како и што се очекува, зад се ова постои приказна.

Татко на Ели е Нафтали Росенберг, њујоршки бизнисмен кој поседува старски домови, приватни компании, итна помош и уште многу други бизниси. Ели има израелско државјанство што е услов за преземање на контролниот удел во авиокомпанијата. Неговиот татко, од друга страна, нема израелско државјанство.

Во овој момент преземањето на компанијата се уште е во рана фаза, а Росенбергови наводно се во преговори со семејството Боровиц, бидејќи од 2003 година тие го имаат контролниот удел на Ел Ал.

Претходно израелскиот министер за сообраќај ја изрази подготвеноста на Владата да и помогне на оваа авио – компанија онолку колку што е потребно да ја одржи воздухопловната независност во Израел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот