Два мајсторски голови на Ѓорѓев во Швајцарија (ВИДЕО)

фото: твитер

Грасхоперс со новата победа дома против Арау (5:0) ги одржува шансите за учество во најдоброто швајцарско првенство следната сезона.

Има уште доста да се игра во втората швајцарска лига, регуларниот дел од сезоната завршува на 31 јули.

Грасхоперс со новата победа дома против Арау (5:0) ги одржува шансите за учество во најдоброто швајцарско првенство следната сезона.

Придонес во трите бодови имаше и македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Нашиот интернационалец кој го одигра целиот натпревари имаше два мајсторски голови во 32 и 57 минута од средбата.

Моментно Грасхоперс е на третото место со 40 бодови, колку што има и второпласираниот Вадуц, додека лидер е Лозана со 53. Првото место води директно во елитата, а второто носи плејоф за настап во најдобрата швајцарска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот