Два дена по свадбата се развел – Човекот дознал морничава вистина за својата жена на втората брачна ноќ (ВИДЕО)

профимедиа

Маж од Индонезија по само два дена брак се развел од својата сопруга, откако сфатил дека таа всушност не е жена.

Мух ја запознал Мита преку Фејсбук. Неколку месеци биле виртуелно заедно, а кога се сретнале кај него проработеле уште посилни емоции спрема „неа“.

Кога ги известил родителите дека сака да ја запроси девојката, тие во нејзината куќа донеле мираз од 1.250 евра. Потоа следела венчавката.

Мита имала лице прекриено со вел, па така никој не забележал ништо сомнително. На првата брачна ноќ Мита го одбила Мух.

Тој верувал дека таа е уплашена и има трема па не ја присилувал на ништо. Наредниот ден, повторно го одбила, а тогаш тој открил дека покрај себе има маж. Не е јасно како го открил тоа, но сепак го открил.

Во тек била полициска потрага по Ади, кое било вистинското име на измамникот кој исчезнал третото утро од бракот, кога Мух поднел и барање за развод на бракот.

Ади е уапсен, а се уште не се знае како ќе биде казнет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот