Душко Тошиќ со нова љубовна афера? Карлеуша не остана без коментар

Instagram

На скандалите им нема крај… Овој пат во фокус, повторно се српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

Пред некое време српските медиуми почнаа да шпекулираат дека бракот на Карлеуша и Тошиќ носи „стаклени штикли“ поради наводните неверства на Душко и дека кога тогаш се очекува нивната официјална разделба, но, тогаш парот негираше сè.

Сега, српските медиуми повторно го поврзуваат фудбалерот со афери. Наводно, тој е во „тајна“ врска со блогерката и манекенка Ана Јовановиќ. По гласините, Јовановиќ обидувајќи се да ја каже својата страна од приказната.

Instagram
Instagram

Би сакала да ве замолам од мое име, и од името на другите актери во оваа измислена афера, да престанете да објавувате лажни информации затоа што на овој начин им нанесувате голема штета на две семејства, особено на нашите деца“, напиша Ана, која има три деца со српскиот музичар Пеџа Јовановиќ.

Српските медиуми пишуваат дека Ана објавила фотографија од истото место во Дубаи, каде Тошиќ одмарал во тоа време, но ги избришала објавите бидејќи се плашела дека некој ќе ги поврзе и ќе ја разоткрие аферата.

Instagram
Instagram

По скандалот, Јелена Карлеуша не остана без коментар.

Драга Ана, тие се за жалење, затоа што живот исполнет со толку многу омраза и зло не е живот“, рече Карлеуша.

Расплетот на оваа приказна останува нејасен…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот