Душан Тадиќ објави дека се повлекува од српската фудбалска репрезентација
Досегашниот капитен, Душан Тадиќ, денеска преку Инстаграм се прости од српската фудбалска репрезентација.
Препорачано
Искусниот ас забележа 111 настапи во дресот на „орлите“, по што донесе одлука да стави крај на репрезентативната кариера.
На објавата на Тадиќ реагираше и Фудбалскиот сојуз на Србија, кој во коментар остави срце под фотографијата.
– Се трудам да бидам коректен и директен, колку што е можно повеќе, како што беше случај за време на изјавите на ЕП. Останувам на ставовите што ги искажав. Нагласувам дека немав намера да ги навредувам моите соиграчи или некој друг кој беше дел од српската репрезентација во Германија, па затоа имам потреба да објаснам одредени работи за кои знам дека последен пат имаше полемики.
Им благодарам на сите што ги запознав од првиот ден кога станав дел од репрезентацијата и ФСС. Ме направија подобра личност и спортист. Се збогувам со репрезентацијата, но верувам дека еден ден повторно ќе бидам тука. По мојата играчка кариера, сакам да останам во фудбалот и нема ништо подобро од тоа да ѝ помогнеш на својата земја ако можеш. Со семејството и пријателите, на трибините или пред екранот, секогаш ќе бидам верен навивач на Србија – рече меѓу другото Тадиќ.
View this post on Instagram


