Дури шест члена на Фенербахче со симптоми на коронавирус

принтскрин

Првиот човек на турскиот тим, Али Коч, потврди дека шест члена на тимот имаат симптоми на коронавирус, но само административниот менаџер Ченк Ренда е хоспитализиран.  КОч не открива дали меѓу нив има кошаркари или станува збор за вработени во администрацијата на клубот.

– Шест лица појавуваат симптоми на коронавирус и нивните примероци се испратени во Министерството за здравство. Кога ќе пристигнат информациите од таму, ќе ја известиме јавноста за резултатите. За среќа никој не мора да остане во болница освен административниот менаџер Ченк Ренда – изјави Коч.


Првиот човек на турскиот гигант изјави дека платите на вработените нема да бидат намалени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот