Дурент и следната сезона во екипата на Бруклин нетс

Кевин Дурент останува верен на НБА клубот Бруклин нетс/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Заврши летната НБА сага, еден од најдобрите кошаркари во светот, Кевин Дурент и понатаму ќе го носи дресот на Бруклин нетс.

Дурент побара да ги напушти Нетси на крајот на јуни годинава, а од сопственикот Џозеф Цаи побара да го смени тренерот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс доколку сака да го задржи.

Цаи ја одби таквата понуда, по што се шпекулираше каде Дурент би можел да ја продолжи кариерата и во игра беа безброј опции.

Меѓу оние кои беа најблиску до доведување на играчот во своите редови, се издвојуваа Бостон, Торонто и Феникс.

Се чини несогласувањата се решени. Дурент се пресели во Нетс пред три години од Голден стејт, со кој освои две шампионски титули (2017 и 2018 година) и двапати беше прогласен за МВП на финалето на НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот