Лука Дончиќ и Никола Јокиќ/EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Дурант „удри“ по Јокиќ и Дончиќ: Не играат сериозно, лежат и шутираат од половина терен

Кевин Дурант се најде во центарот на вниманието, овојпат поради изјавата поврзана со НБА Ол-стар викендот, но и со Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Во ноќта зад нас, Хјустон беше поразен од Лос Анџелес клиперс со 105:102, а Дурант натпреварот го заврши со 21 поен, осум скока и шест асистенции. Сепак, повеќе од неговиот учинок, одекна она што го кажа по мечот на прес-конференцијата.

Запрашан дали на претстојниот Ол-стар ќе игра сериозно и натпреварувачки, како и дали тоа го очекува од останатите ѕвезди во повозрасните играчки години, Дурант даде одговор што предизвика реакции.

„Тоа треба да ги прашате Европејците и членовите на „Тимот на светот“, дали тие сакаат да се натпреваруваат. Погледнете ги Лука Дончиќ и Никола Јокиќ како се однесуваат на НБА Ол-стар. Дали тоа е натпреварувачки?“, изјави Дурант.

„Никогаш не сме се запрашале што прават тие, но затоа постојано се преиспитуваат Американците. Ги имаме тие двајца момци, Јокиќ и Дончиќ, кои како воопшто да не се заинтересирани за кошарката. Лежат на паркетот, шутираат од половина терен, а потоа сите се грижат дали поискусните играчи ќе настапат сериозно и борбено. Јас читам меѓу редови, само морав ова да го кажам“, додаде Дурант.

НБА Ол-стар викендот ќе се одржи претстојниот викенд во Лос Анџелес, а останува да се види дали изјавата на Дурант ќе внесе дополнителна тензија во спектаклот.

Леброн Џејмс за првпат по 20 години нема да го почне „Ол-стар“ натпреварот во НБА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот