Леброн Џејм/EPA-EFE/ALLISON DINNER

Леброн Џејмс за првпат по 20 години нема да го почне „Ол-стар“ натпреварот во НБА

Изминатата ноќ НБА ги објави стартните петорки за претстојниот „Ол-стар“ натпревар, при што изборот е направен врз основа на настапите во првата половина од сезоната. За разлика од претходните години, покрај гласовите на навивачите, овојпат свое влијание имаа и кошаркарите и тренерите.

Овогодишниот „Ол-стар“ спектакл е закажан за 15 февруари и ќе се одржи во Лос Анџелес, во „Интуит Доум“, новоотворената арена на ЛА Клиперс.

Источната конференција ќе ја предводат Јанис Адетокумбо, Џејлен Брансон, Кејд Канингем, Тајрис Макси и Џејлен Браун. За Канингем, Макси и Браун ова ќе биде прво појавување во стартната петорка на „Ол-стар“ натпревар, што претставува значајно признание за нивните одлични сезони.

На Западот, пак, меѓу стартерите се најдоа Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес-Александер, Стеф Кари и Виктор Вембањама. Младиот Французин за првпат е избран во стартната петорка, откако во тесна трка го надмина Ентони Едвардс од Минесота.

Интересно е што Леброн Џејмс за првпат по две децении нема да го започне „Ол-стар“ мечот како стартер, а допрва ќе се знае дали ќе добие место меѓу резервите. Воедно, настапот на Јокиќ останува неизвесен, бидејќи српскиот ас има проблеми со повреда, па не е познато колку во Денвер ќе сакаат да ризикуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот