Дупјачанец: Загубивме премногу топки, не бевме цврсти во одбраната!
Екипата на Чеховски Медведи го совлада Металург во натпревар од шестото коло на групната фаза на Лига Европа. Домашниот состав славеше со убедливи 40:27 (22:11).
Препорачано
Металург десеткуван допатува во Чехов. Коронавирусот и повредите не натераа на ова гостување да заминиме со само 11 ракометари, па така тимот на Чеховски Медведи беше огромен фаворит на овој натпревар и таа улога целосно ја оправда.
– Му честитам на Чеховски Медведи за нивната добра игра, домаќинот беше многу подобар од нас, подобар во одбраната, дисциплиниран и брз во нападот. Разочарани сме, не бевме цврсти во одбраната, не правевме фаули, во нападот лесно загубивме премногу топки и тоа не смееме да си го дозволиме. Не се враќавме навремено во одбраната, тоа противникот знаеше да го искористи за зголемување на разликата.
Дојдовме на ова гостување со само 11 ракометари, без клучни играчи, се надевам дека останатите ќе се вратат многу брзо. Нам ни останува напорно да работиме и бидеме подобри во наредните натпревари – вели голманот на Металург, Даниел Дупјачанец.
На овој меч Дупјачанец забележа четири одбрани, пет повеќе запиша Даниел Ѓорѓески.


