Дука: Во Дебар нема нови случаи на заразени со корона вирусот

Обезбедувањето со прехранбени и други артикли и лекови се одвива без проблеми.

Градоначалнкот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со Оперативниот штаб откако во петокот во општините Дебар и Центар Жупа беше воведена кризна состојба со цел спречување на ширењето на коронавирусот, ситуацијата во Дебар во моментов ја оценува како добра и тврди дека за сега препораките се почитуваат.

– Нема нови заразени, се надеваме дека така ќе биде и понатаму. Обезбедувањето со прехранбени и други артикли и лекови се одвива без проблеми. Во Општата болница почна со работа екипата што пристигна од Скопје и заедно со нашите екипи е на терен во откривање на евентуално нови случаи и следење на болните, истакнува градоначалникот на Дебар.

Тој додава дека од Црвениот крст го информирале дека имаат многу повици од граѓани кои бараат храна, облека и лекови, објаснувајќи дека дотур на храна и лекови се врши само на семејства кои се во домашна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот