ДУИ - Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

ДУИ: Ако се потврди дека на гробиштата на Блаце се гради објект за игри на среќа, јавноста со право е вознемирена

На гробиштата во Блаце се одвиваат градежни работи на парцела која, според официјалните податоци, фигурира како сопственост на компанијата Flamingo Casino. Доколку се потврди дека таму се гради објект за дејност поврзана со игри на среќа, тогаш станува збор за една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки кон чувствата на граѓаните, наведува ДУИ во соопштение.

-Тоа што граѓаните го видоа овие денови на гробиштата во Блаце, со право ја вознемири јавноста. На простор кој за граѓаните претставува место на сеќавање, мир и почит кон нивните најблиски, се одвиваат градежни работи на парцела која според официјалните податоци фигурира како сопственост на компанијата Flamingo Casino.

Доколку се потврди дека таму се гради објект за дејност поврзана со игри на среќа, тогаш станува збор за една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки кон чувствата на граѓаните. Гробиштата не се место за казино. Гробиштата не се зона за коцкање. Гробиштата не се простор за комерцијален профит.

Тоа се места на достоинство. И секој обид во нивна близина да се постави индустрија на игри на среќа претставува тежок провокативен чин кон семејствата, кон верниците и кон секоја човечка норма. Ова прашање ја надминува дневната политика. Ова е основно прашање за карактерот на државата: дали ги штити чувствата на граѓаните или интересите на казината?

Затоа бараме веднаш: Да се објави вистинската намена на објектот и целокупната документација. Да се запрат работите до целосно разјаснување на случајот. Да се истражи како е дозволена ваква дејност во близина на гробишта. Да се почитува волјата и чувствителноста на граѓаните од ова подрачје.

И на крај, како неопходен додаток: граѓаните имаат право да знаат зошто оваа влада го повлече и законот со кој ветуваше отстранување на игрите на среќа од близина на училиштата и чувствителните зони. Денес, кога гледаме што се случува крај гробиштата, тоа прашање е уште потешко- стои во соопштението.

Двојните државјанства ќе се бранат со блокада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот