Дуа Липа и Калум Тарнер планираат интимна летна венчавка без холивудски гламур
Светската музичка ѕвезда Дуа Липа и нејзиниот свршеник, актерот Калум Тарнер, ги започнаа подготовките за нивната претстојна венчавка, но наместо гламурозна естрадна прослава, двојката се одлучи за скромна и приватна церемонија. Според извори блиски до парот, венчавката ќе се одржи ова лето, најверојатно пред 31-от роденден на пејачката во август, а како потенцијални локации се разгледуваат Италија и Велика Британија, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано

Иако нивниот круг на пријатели вклучува имиња како Елтон Џон и Марк Ронсон, списокот на гости ќе биде строго ограничен само на најблиските, што значи дека многу нивни славни пријатели ќе останат без покана.
Двојката ја потврди својата свршувачка во јуни минатата година година, по само неколку месеци врска која започна во јануари 2024 година. Калум неодамна во интервју сподели дека нивната средба била судбинска, откривајќи дека се поврзале уште на првиот заеднички пијалак кога сфатиле дека во моментот ја читаат истата книга.

Додека Дуа Липа признава дека никогаш порано не сонувала за тоа каква невеста ќе биде, сега со возбуда ги планира деталите за големиот ден, нагласувајќи дека најважно ѝ е што покрај себе го има човекот кој најдобро ја познава.


