Универзитетска детска клиника / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ДСЗИ не утврди недостатоци при третманот на деветгодишното дете кое почина во Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина Свети Николе. Инспекцискиот надзор за смртта на деветгодишното дете е извршен почнувајќи од матичниот лекар во Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што и почина. Според инспекцискиот надзор, нема констатирано недостатоци трите институции. Инспекторите по надзорот утврдиле дека деветгодишното дете Н.А. со матичен доктор било прикрепено во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе. Во ординацијата годинава првпат се јавува на 14.01.2025 година заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура (39 степени) и неспиење претдходниот ден.

-При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип – се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според извешатјот, во штипската Клиничка болница детето е донесено со такси возило, примено е попладнето околу 18 часот, прегледано е од дежурниот доктор при што е поставена дијагноза сомноленција.

– Во ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести-Скопје , детето Н.А. е донесено на 14.01.2025 година во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часа има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус – велат од ДСЗИ.

Од извршените вонредни инспекциски надзори во наведените здравствени установи каде починатото деветгодишно дете било лекувано, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно своите надлежности не констатираше недостатоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот