Државниот тетовски универзитет го поништи огласот за ректор, за да се избира „без притисоци од јавноста“

Сенатот Државниот универзитет во Тетово на денешната седница донел одлука за поништување на тековниот оглас за избор на ректор за мандатниот период 2023-2026, објавен на 18 мај 2023, и распишување на нов оглас.

Како причина за одлуката, од ДУТ ја наведуваат желбата да се спроведе избор на ректор без притисоци од јавноста“.

Во соопштението се наведува дека постапката за избор на ректор ќе ја врши Универзитетската изборна комисија, која е формирана од страна на Сенатот на Универзитетот. Иако Сенатот има право на автономија во одлуките за избор на ректор, соопштението истакнува дека критериумите што ќе бидат вклучени во новиот оглас ќе бидат само оние што се наведени дословно во Законот за високото образование.

Со оваа одлука, Сенатот на ДУТ „се обидува да гарантира институционален интегритет и да спроведе избор на ректор без влијание од трети страни“, велат од универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот