ДРУЖБА СО ФАТАЛЕН КРАЈ: Полицијата конечно ќе го разгледа мистериозниот пад од зграда на манекенка во Куала Лумпур

Фото: Инстаграм/Ivana_Smit

Смртта на Ивана Смит (18), холандската манекенка која пред две години е пронајдена мртва во Куала Лумпур ќе биде третирана како убисво, одлучија властите во Малезија, а пренесе српски „Курир“.

Безживотното тело на Ивана е пронајдено во декември 2017 година пред еден солитер во Куала Лумпур. Надлежните веруваа дека таа се фрлила од балконот на станот кој се наоѓа на 20 спрат, во кој на кобната вечер таа имаше сексуални односни со американскиот тајкун Алекс Џонсон и неговата сопруга Луна.

Обдукцијата на телото на манекенката покажа дека таа пред смртта консумирала поголеми количини на алкохол и опојни дроги. Меѓутоа, иако се пронајдени и трагови на насилство на нејзиното тело, како и ДНК-та на Џонсон под нејзините нокти, истрага за убиство не беше започната и целиот случај беше третиран како самоубиство.

Алекс и Луна Џонсон кои беа приведени по трагичниот настан, набрзо се пуштени и против нив не е подигнато обвинение. Брачниот пар веднаш потоа ја напушти Малезија.

Таткото на Ивана, Марсел Смит, повеќе од една година по смртта на неговата ќерка инсистираше на тоа дека таа не извршила самоубиство. Бараше повторување на истрагата и минатата недела властите во Малезија одлучија смртта на Ивана да биде карактеризирана како убиство и да започнат нова истрага, која точно треба да утврди што се случило таа ноќ.

– Сега Алекс и Луна конечно ќе бидат сослушани како осомничени за убиство. Ќе мораат да објаснат како некој кој е мртов може да стане и да се фрли од тераса. Судот во Малезија ги прифати резултатите на патологот во кои стои дека Ивана била мртва пред нејзиниот пад од голема висина – рече таткото Смит за медиумите.

Тој додаде дека постои договор за екстрадиција меѓу Малезија и САД, каде сопружниците Џонсон во моментов се наоѓаат, и дека верува оти полицијата во Малезија конечно подобро ќе го истражи целиот случај.

Тајкунот и неговата сопруга првпат пред медиумите се обратија дури 18 месеци по несреќата и тврдеа дека немаат никаква врска со смртта на Ивана.

Тие признаа дека на кобната ноќ имале сексуални односи со Ивана во станот, откако се забавувале во еден ноќен клуб во Куала Лумпур. Двајцата тврдат дека подолго време биле многу блиски со холандската манекенка, како и дека нејзината смрт многу ги вознемирила.

– Ивана беше наша пријателка и таа ноќ доброволно дојде кај нас. Сакав да имам повеќе време за да ја запознаам подобро. Загубив пријателка – рече Луна Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот