Дрогба поради скандалозниот предлог: Африка не е лабораторија за тестирање!

фото: твитер

Бурни реакции од едни од најдобрите африкански фудбалери после идејата на двајца француски лекари да се тестираат експериментални лекови за коронавирус.

Еден од најдобрите африкански фудбалери кој остави голема трага и на европската сцена, Дидие Дрогба го изразија своето незадоволство поради скандалозниот предлог експериментален лек за коронавирус да се тестира во Африка.

Таква идеја имаше Жан-Пол Мире од клиниката за реанимација во париската болница „Кошин“ и Камил Лохт, директор на Државниот институт за здравје и медицинско истражување.

– Зошто не би ги тестирале своите експериментални лекови против коронавирусот во Африка? Таму не носат маски, и така нема лекови, нема реанимација…Тоа веќе се работеше, во некои истражувања поврзани за СИДА – рече Мире, а Лохт додаде:

– Така е. Колегата има право. Размислуваме за една паралелна, но експериментална студија во Африка.

Потоа, започнаа и бурните реакции од прославените африкански фудбалери, помеѓу нив и легендарниот играч на Челзи, Дидие Дрогба.

-Африка не е лабораторија за тестирање. Би сакал да ги осудам тие понижувачки, лажни и пред сè длабоко расистички зборови. Помогнете да ја спасиме Африка од Ковид-19 – се дел од зборовите на Дрогба.

Против таквите експериментални идеи се уште двајца познати фудбалери од Африка, Самуел Ето`o и Демба Ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот