Дрес на Пеле на аукција: Се проценува дека ќе се продаде за над шест милиони долари
Дресот што го носеше легендарниот Пеле на финалето на Светското првенство во 1958 година ќе биде ставен на аукција во „Сотбис“ од 29 јуни до 16 јули, а се проценува дека ќе се продаде за над шест милиони долари.
Препорачано
Пеле го носеше синиот дрес со кратки ракави во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска во финалето на Светското првенство 1958 кое се одигра на стадионот „Расунда“ во близина на Стокхолм. Пеле, тогаш 17-годишен, постигна два гола во финалето.
Пеле му го подарил дресот на својот цимер и соиграч Диди по финалето. По децении поминати во семејството на Диди, дресот бил изложен во музеј пред да биде купен од анонимен сопственик во 2004 година.
Дресот на Пеле потенцијално би можел да ја надмине рекордната цена од 9.29 милиони долари, колку што беа платени за дресот на аргентинската легенда Диего Марадона од натпреварот против Англија на Светското првенство во 1986 година, кога го постигна легендарниот гол познат во светот на фудбалот како „Божја рака“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
46мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


