Драстично поскапуваат горивата, бензинот со историски највисока цена

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за девет денари по литар, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит,соопшти денеска Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ), додавајќи дека поскапува и дизелот, за девет денари за литар.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит. Литар дизел ќе чини 95 денари.

Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.

Драстичното поскапување доаѓа откако Владата денеска не ги продолжи антикризните мерки со кои беше намалена цената на горивата. Во исто време, од полноќ истекуваат и другите мерки околу цените на храната, со што се очекува и нов бран поскапувања на прехранбените производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот