Драстичен пад на кинескиот увоз на морска храна од Јапонија по испуштањето вода од нуклеарката Фукушима

Пазар за риба во Јапонија / Фото EPA-EFE/DANIEL CENG

Кинескиот увоз на морска храна од Јапонија опадна по забраната на Пекинг за морски производи од неговиот сосед како одговор на испуштањето отпадни води од нуклеарната централа Фукушима Даичи, пишува Гардијан.

Увозот паднал за 67% во август во однос на истиот месец претходната година, на околу 3 милијарди јуани (20,2 милиони долари), објави јавниот радиодифузен сервис НХК, повикувајќи се на податоци од кинеската царина.

Одлуката на Пекинг и Хонг Конг да го прекинат целиот увоз на јапонски поморски производи кон крајот на август предизвика дипломатски спор и пораст на антијапонското расположение во Кина, при што јапонските бизниси и дипломатските канцеларии добија огромен обем на навредливи повици.

Операторот на централата Фукушима, Токио Електрик Пауер (Тепко) почна да испумпува повеќе од 1 милион тони вода во морето на 24-ти август, предизвикувајќи критики од Кина и локалните рибарски заедници загрижени за оштетување на угледот на нивниот улов.

Водата се третира за да се отстранат повеќето радиоактивни материи, но содржи тритиум, изотоп на водород кој не може лесно да се одвои од водата.

Научниците истакнаа дека сопствените нуклеарни централи на Кина испуштаат отпадни води со повисоки нивоа на тритиум од оние кои се наоѓаат во испуштањето на Фукушима и дека сите нивоа се во граници кои не се сметаат за штетни за здравјето на луѓето.

Тепко и владини претставници велат дека испуштањето – процес кој ќе трае најмалку 30 години – нема да влијае на морската средина или здравјето на луѓето бидејќи силно разредената вода содржи нивоа на тритиум кои се во рамките на безбедносните нивоа, повторувајќи ги наодите од неодамнешниот извештај од страна на нуклеарниот надзорник на ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Забраната за морската храна стапи на сила до крајот на минатиот месец, но најновите бројки укажуваат на значителниот ефект што веќе го има врз извозот. Кина увезе јапонска морска храна во вредност од 149,02 милиони јуани (20,43 милиони долари) во август, покажаа податоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот