Драмата во Цирих со среќен крај за Металург! (ВИДЕО)

Фото: rkmetalurg.mk

По исцрпувачки и крајно драматични 60 минути во Цирих, Металург успеа да избори пласман во групната фаза на Лига Европа.

Во меч со многу малку голови тимот од Автокоманда загуби со еден гол разлика, 22:21, доволно за да го продолжи настапот во второто по квалитет европско натпреварување.

Откако не го реализираа нивниот последен напад, со кој можеа да го израмнат резултатот, се најдоа во ситуација во последните 20 секунди да му се спротистават на последниот напад на противникот со играч помалку.

Но, одбраната беше на висина на задачата, Серафимов се погрижи да изнуди пробивање, по што следуваше голема радост на „сино-белите“ и навивачите околу 20 наши иселеници во Швајцарија кои ја даваа потребната поддршка од трибините во „Саалспортхале“ Арената.

Меѓу фановите беше и репрезeнтативецот Мартин Поповски, кој летово од екипата на Пролет се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитија.

Ракометарите предводени од тренерот Зоран Кастратовиќ своите противници во групата ќе ги дознаат в четврток (1 октомври 2020 година).

Познати се 23 од 24 екипи пласирани во групите на Лига Европа, денеска ќе се одигра последниот меч помеѓу ЦСКА и Бјерингбро-Силкеборг.

Директно пласирани екипи во групната фаза се: Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Еурофарм Пелистер, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Од квалификациите: Нексе, Аон Фиверс, Кристијанштад, ГОГ, Металург, Тримо Требње, Рајн-Некар Левен, Монпеље, Спортинг, Фуксе Берлин, Тулуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот