Драма во Сплит: Маж избодел продавачка до смрт

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Според хрватската полиција, денеска нешто пред 15 часот на улицата Пољичка во Сплит, маж влегол во продавницата и со нож нападнал и усмртил вработена во продавница, пишува Индекс.хр.

Жената починала во болница

Жената со тешки повреди била пренесена во болница, каде набргу починала.

Вработените во продавницата го фатиле мажот додека не дошла полицијата, а потоа тој бил уапсен.

Во тек е истрага, соопшти сплитската полиција која на местото на нападот го запленила ножот со кој бил извршен нападот.

Ја убил својата невенчана партнерка

Како што неофицијално дознава Индекс, убиената била партнерка на мажот кој ја избодел. Според Индекс, напаѓачот има 54 години.

Сведоците раскажуваат дека имало повеќе убодни рани, а полиците и подот биле полни со крв.

„Ја избоде неколку пати, нејасно викајќи“, изјави очевидец.

На крвавиот напад со нож, според очевидци, му претходела расправија, а насилникот бил совладан од обезбедувањето со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот.

Сведок: Страшно. Ја избоде неколку пати, се уште сум во шок

Според првите неофицијални информации, напаѓачот се обидел да се избоде и себеси откако брутално ја нападнал и ја повредил својата жртва.

Видео на денот