Фото: Принтскрин

Драма во Парламентот на Босна и Херцеговина: Пратеничка од партијата на Додик го бакнала министерот за финансии, па му го избришала карминот

Пратеничката Сања Вулиќ го прегрнала министерот за финансии Срѓан Амиџиќ по бакнежот, а пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, рекол дека „ја замолува колешката да не седи во скутот на министерот за финансии“.

За време на расправата за државниот буџет во собранието на Босна и Херцеговина се случила ситуација што ги насмеала, но и ги збунила пратениците. Сè почнало кога пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, во своето обраќање ја коментирал симболиката на седницата, велејќи дека министерот за финансии Срѓан Амиџиќ се појавил на „ноќ пред Ноќта на вештерките“, објави „Нова“.

Бегиќ притоа го критикувал придонесот на Амиџиќ во работата на Парламентот.

— Не е проблем ако некој е жесток на предавање, ако предавањето е добро. Но, ако предавањето не е добро, тогаш тоа е проблем. Јас би одржал поинакво предавање — порачал тој.

Додека Бегиќ зборувал, пратеничката на СНСД (партијата на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик), Сања Вулиќ, му пришла на министерот Амиџиќ, го бакнала во образ, му ги избриша трагите од кармин, а потоа го прегрнала и накратко разговарала со него. Тој момент не му избегал на Бегиќ, кој веднаш му се обратил на претседавачот.

— Би ја замолил колешката да не седи во скутот на министерот за финансии додека расправаме за државниот буџет. Тоа е потценување на овој дом и на сите нас овде. Во име на Клубот на ДФ барам пауза за да ги доведеме пратениците во ред — рекол Бегиќ.

Додик ја отвори темата што секогаш боли – формирање хрватски ентитет во Босна и Херцеговина

На забелешката на Бегиќ реагирала и самата Сања Вулиќ, додека министерот Амиџиќ со насмевка ја следел ситуацијата.

— Не си седевме во скут. Се собравме околу убавата секретарка Живковиќ за да се консултираме. Жал ми е што тоа толку ве вознемири. Изгледа дека на вас скутот на министерот ви е поудобен од вашата столица — рекла Вулиќ.

Бегиќ не ѝ останал должен и продолжи со сарказам.

— Не знам каков е скутот на министерот, но тоа не значи дека нема да го пробам. Министре, каде одите? Зошто се плашите? Вратете се, можеби можеме да го пробаме тој ваш скут — рекол тој.

По тој коментар, Амиџиќ, сè уште насмеан, ја напуштил салата, а седницата накратко била прекината.

Додик му се заблагодари на Трамп за укинувањето на санкциите, па удри со дрвја и камења по Обама и Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот