Драма во Белгија: Професор разменувал испитни прашања со разголени фотографии од студентки

Белгија млади/ Фото Arterra Picture Library / Alamy / Alamy / Profimedia

Медиумите во Белгија обелоденија дека професор во виша школа за медицински сестри близу Антверпен им ветувал на студентките испитни прашања во замена за голи слики.

Неколку од студентките го пријавиле однесувањето на професорот.

Според пријавите тој тоа го правел преку апликацијата Снепчет. Според сведочењата истиот професор имал сексуални односи со некои студентки во подрумот од школото.

Студентките алармирале за проблемот уште во септември, тие поднеле и докази за однесувањето на професорот, слики и пораки кои тој ги испраќал. Школото сè уште води истрага, два месеца откако се поднесени првите пријави.

Белгиските медиуми пишуваат дека професорот е познат во областа на негата и менталното здравје на здравствените работници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот