Драма на „Максимир“: Динамо длабоко во судиското продолжение дојде до голем бод
Во најголемото дерби на хрватскиот фудбал, Динамо Загреб и Хајдук Сплит одиграа нерешено 1:1 на стадионот „Максимир“. Натпреварот имаше огромно значење за борбата на врвот од табелата, а освоениот бод му овозможи на Динамо да ја задржи лидерската позиција.
Препорачано
Хајдук поведе во 68-та минута, кога Мишел Шега го постигна својот осми сезонски гол, продолжувајќи ја одличната форма по пристигнувањето од Вараждин.
Кога изгледаше дека Хајдук ќе го совлада најголемиот ривал и ќе се искачи на првото место, следуваше вистинска драма во долгото судиско продолжение. Судиското продолжение изнесуваше дури 13 минути, а Динамо успеа да избегне пораз во 90+12 минута, кога албанскиот репрезентативец Арбер Хоџа постигна погодок за голем бод.
Со ова реми, Динамо останува прв на табелата со еден бод предност пред Хајдук.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


