Драма на хрватскиот остров Паг: Германец се обидел со плински боци да разнесе кафеана
Полицијата во хрватскиот град Задар уапси 48-годишен германски државјанин кој е осомничен за кривичните дела Загрозување на живот и имот со општо опасно дејствие или средство, Оштетување на туѓ имот, Закана, Нарушување на мирот на починато лице и Кражба, пренесува „Вечерњи лист“.
Препорачано
Тој е осомничен дека во саботата, на 17 мај, околу 6 часот наутро, упатил сериозни закани со смрт кон 47-годишен маж пред ресторан во Повљана и се заканил дека ќе го запали ресторанот. Околу еден час подоцна, тој во задниот дел на ресторанот, намерно предизвикал пожар со отворен пламен, при што оштетил контејнер за отпад и пластична амбалажа и ги отворил безбедносните вентили на три боци со гас во надворешниот магацин на ресторанот.
Пожарот бил изгаснат од страна на вработените во ресторанот. Германецот исто така намерно, со остар предмет и физичка сила оштетил паркиран мотоцикл во сопственост на 45-годишен вработен во ресторанот и му направил штета од повеќе стотици евра. По приемот на пријавата, со брза реакција на полицајците, брзо бил уапсен осомничениот, кој е приведен во полициска станица за кривична истрага, велат од полицијата.


