Драган Начевски останува на чело на судиската комисија во ЕХФ

фото: ЕХФ

Поранешниот македонски ракометен судија, Драган Начевски, останува да биде на чело на судиската комисија во ЕХФ, откако денеска доби нов четиригодишен мандат на конгресот на европската куќа на ракометот.

Начевски не беше единствен кандидат, кандидатури поднесоа и Јири Конечни, Денис Рејбел и Јута Ерман-Волф, но одличната работа во изминатите два мандати на чело на судиската комисија беше доволна препорака за еден од најдобрите ракометни судии на сите времиња, да добие нов четиригодишен мандат.
На денешниот конгрес, Михаел Видерер доби нов четиригодишен мандат да биде на чело на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот