Доживеа тотална трансформација – Вака денес изгледа Кончита Вурст (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Сигурни сме дека сите се сеќавате на екстравагантната Кончита Вурст – таа победи на Евросонг пред шест години, а успеа и од темел да го размрда конзервативното, традиционално општество, рушејќи ги дотогашните табуа и предрасуди.

Кончита Вурст, односно Томас Том Нојвирт се уште се занимава со музика и снима многу успешни песни, но нејзината кариера сега е фокусирана само на родната Австрија.

Фото: Инстаграм

Како што изјави во повеќе наврати, таа отсекогаш се чувствала како жена заробена во тело на маж. Сепак, минатата година одлучи дека повеќе не сака да го има имиџот на жена со долга коса и густа брада, па се врати на својот првичен изглед.

Фото: Инстаграм

Оваа трансформација шокираше многубројни фанови, а некои веднаш признаа дека не ја ни препознале.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот